More

    Поранешниот британски премиер за малку ќе направел скандал за време на пандемијата со ковид-19

    spot_img

    Поранешниот британски премиер Борис Џонсон планирал да организира рација во фабриката на холандската компанија за вакцини против коронавирус АстраЗенека, пишува Дејли Мејл. Медиумот се повикува на неколку извори кои биле блиски до британскиот премиер во тоа време.

    Џонсон бил лут дека пет милиони дози од вакцината сред панедмијата отишле во ЕУ наместо во Велика Британија, која веќе платила за дозите по одлука на Брисел. Џонсон на затворен состанок ги прашал службите дали има некакво „воено решение“ да ги врати вакцините. Двајца дипломатски извори рекле дека било планирано тајно запленување.

    Идејата била веднаш отфрлена затоа што ваквиот радикален потег ќе предизвика силни реакции.
    Еден извор за Дејли Мејл изјавил:

    – ЕУ во суштина заплени пет милиони дози од нашите вакцини. Се разбира, премиерот беше бесен – тие ги ставаа на ризик животите на Британците за да извлечат политичка поента и да го одвлечат вниманието од сопствените грешки.

    Неименуваниот извор додал:

    – Тој (Џонсон) им нареди на службениците да ги разгледаат сите опции за одговор, што вклучуваше барање од безбедносните служби да видат дали има какви било опции физички да одат и да ги земат вакцините од Холандија и да ги донесат овде.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img