Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на своите блиски советници им рекол дека сака да биде врзан со лисици кога ќе се појави на суд

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на своите блиски советници им рекол дека сака да биде врзан со лисици кога ќе се појави на суд, пишува Гардијан. Иако денеска беше откажан состанокот на поротниците и обвинителот поради несогласувањаза предметот, аналитичарите веќе прогнозираат дека тој има две можности да направи спектакл и хаос при апсењето со помош на неговите поддржувачи, анализира Би-Би-Си.

Првата можност е планираниот митинг во Тексас уште пред тој да биде уапсен, кој може да заврши хаотично. Другата можност е, ако биде уапсен, тој да ја искористи стандардата „перп прошетка“ каде, по традиција, во Њујорк, обвинетиот парадира низ група новинари додека бидува спроведен од полицијата до зградата на судот во Долен Менхетен.

„Тоа ќе му даде на поранешниот претседател, натопен во њујоршката правна драма на таблоидите, можност да ги нападне своите обвинувачи, да се прикаже себеси како жртва на либералната елита и да доминира во насловите низ САД“, се вели во статијата на Би-Би-Си.

Трамп веќе е во препирка со окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, оквалификувајќи го како либерален обвинител кој е „разбуден тиранин кој го политизираше правосудниот систем“.

Луѓето блиски до Трамп не можеле да бидат сигурни колку е сериозен тој со неговото тврдење да биде врзан со лисици за прошетка, но тој може да биде спречен во неговите наводни амбиции ако окружниот обвинител, Алвин Брег, одлучи да не му стави лисици и ако одбие Трамп да продефилира пред камерите при апсењето.

Во меѓувреме, Трамп веќе собрал 1,5 милиони долари од своите поддржувачи во кампања во која тој вели дека е мета на политички прогон.

„Доколку овој политички прогон остане неоспорен, еден ден нема да ме таргетираат мене, туку вас“, пишува во еден е-мајл од кампањата.

Аналитичарите велат дека понатамошните напади можат само да ја зајакнат неговата позиција.

– Доколку Трамп биде обвинет, книгата за игри останува сосема иста – вели Брајан Ланза, републикански стратег и советник на Трамп.

- Advertisement -
Ad image

– Го нападнете ли правно, тоа е како да сте го нападнале политички – додава тој.

Меѓутоа, на подолг рок, ситуацијата на Трамп не е без ризици.

Дури и Трамп успее да ја добие републиканската номинација од ривалот Рон Де Сантис, многу поверојатно е дека неговите правни неволји ќе бидат негативна компонента против кандидатот од Демократите.

- Advertisement -
Ad image

– На крајот на краиштата, да се биде обвинет никогаш никому не му помогнало – рече поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи за време на интервјуто за Еј-Би-Си Њуз.

Законите во САД велат дека и обвинет човек може да се кандидира за претседател.

Истрагата на Менхетен ДА против Трамп започна во 2019 година од тогашниот окружен обвинител Сајрус Венс. Истрагата беше фокусирана на можната банкарска, осигурителна и даночна измама. Случајот првично вклучуваше финансиски зделки на имотите на Трамп на Менхетен, вклучувајќи ја неговата предводничка зграда на Петтата авенија, Трамп Тауер, и проценката на неговиот имот Севен Спрингс во Вестчестер од 213 хектари.

Во сегашниот случај пак, можните обвиненија произлегуваат од исплатата на 130.000 американски долари што тогашниот адвокат на Трамп Мајкл Коен ја извршил кон порноѕвездата Сторми Даниелс, чие правно име е Стефани Клифорд, во неделите пред претседателските избори во 2016 година во замена за нејзиното молчење за наводна сексуална средба со Трамп во 2006 година.

Share This Article