Поранешната премиерка на Финска Сана Марин предизвика бројни реакции кај тамошните медиуми поради една од последните фотографии што ги објави на Инстаграм.
Сана (38), која од неодамна работи како консултант во Институтот Тони Блер, објави серија фотографии со опис: „Случајни фотографии од последните патувања“.
На една од нив таа позираше во градник.
„Сана објави фотографии од патувањето – во бикини на плажа“, „Поранешната премиерка објави храбра фотографија“, „Марин објави фотографија во бикини – леле каква убавица од плажа“, се само некои од насловите кои се појавија во медиумите поради оваа фотографија.
Потсетуваме, на почетокот на септември Сана Марин се повлече од функцијата претседателка на Социјалдемократската партија со надеж дека ќе го оттргне вниманието од својот приватен живот по четири турбулентни години на чело на партијата.
Марин, која ја објави својата намера да се повлече веднаш по нејзиниот изборен пораз, стана најмладата премиерка на светот во 2019 година на 34-годишна возраст, со што привлече светското внимание и помогна во подобрувањето на угледот на Финска.
Таа се појави на насловните страници на списанијата „Вог“ и „Тајм“, има милион следбеници на Инстаграм, а обожавателите ширум светот ја сметаат за пример за прогресивни лидери.
Меѓутоа, загриженоста меѓу финските гласачи околу прашања како што се имиграцијата и растечкиот јавен дефицит и помогна на десничарската Национална коалиција заедно со крајнодесничарската партија на Финците да ја поразат Марин во април, чија влада потоа падна.
Таа се соочи со неколку скандали за време на нејзиниот мандат, вклучително и излегување во ноќен клуб среде пандемијата, одржување приватни забави во официјална резиденција и доброволно подложување на тестови за дрога, откако видеото од забавата протече во медиумите.