Поранешната порно-актерка Миа Калифа (30) го поддржа Хамас во конфликтот со Израел, поради што доби отказ од „Плејбој“.
Калифа долги години го критикува Израел и ги поддржува палестинските борци, а сега на социјалните мрежи има бројни објави против Израел.
„Ако ја погледнете ситуацијата во Палестина и не сте на страната на Палестинците, тогаш сте на погрешната страна на апартхејдот, тоа со текот на времето ќе го покаже историјата“, рече Калифа, која имаше порака и за Хамас.
„Ве молам, може ли некој да им каже на борците за слобода во Палестина да ги свртат своите мобилни телефони и да снимаат хоризонтално“, рече таа во објавата.
Покрај тоа, во неколку објави таа се потсмева на конфликтот и изјави дека „ционистичкиот режим на апартхејдот бил соборен од герилски борци во лажни кошули на Гучи“.
По овие нејзини објави, „Плејбој“ реагираше и го затвори нејзиниот канал на својата платформа.
„Задоволство ни е да ве информираме дека решивме да ја прекинеме нашата врска со Миа, вклучително и бришење на нејзиниот канал „Плејбој“ на нашата платформа за создавачи. Миа даде одвратни и осудувачки коментари славејќи ги нападите на Хамас врз Израел и убиството на невини мажи, жени и деца“, се вели во соопштението на „Плејбој“.
Меѓу другото, Миа Калифа ја обвини и ријалити ѕвездата Кајли Џенер дека е неинформирана за геополитиката на регионот.
Џенер му изрази поддршка на Израел, а подоцна ја избриша својата објава. Сепак, Калифа ја критикуваше членката на семејството Кардашијан.
„Ако има вистинско новинарство, следната личност што ќе разговара со Кајли Џенер ќе ја праша за мислење за геополитичките тензии на Блискиот Исток и нема да погледне настрана додека таа не состави една реченица затоа што очигледно сака да има став пред нејзините 400 милиони следбеници“, напиша Калифа.