Српскиот музичар Ѓорѓе Давид во финалето на музичкото натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“ дојде во придружба на поранешната мис на Македонија, водителката Вера Мештеровиќ.
Инаку, Вера Мештеровиќ му е ПР и менаџер за Македонија на Ѓорѓе Давид, а со своето пристигнување таа превлече големо внимание.
– Во прашање е Вера Мештеровиќ, поранешна мис на Македонија, жена која е сериозен пи-ар кога е Македонија во прашање и која е мој менаџер за Македонија. Вера е некој кој ми беше најголем „брат“ кога ми се случи тој ужас во Македонија. Бидејќи Вера е некој што сакаше да дојде овде и да види како изгледа сето ова, ѝ реков: „Спакувај се, те чека хотелот, на тебе е да дојдеш да видиш како изгледа она што го викаме „гранд финале“ – објаснил Ѓорѓе, а на коментарот дека сигурно многумина би му позавиделе затоа што е опкружен со убави жени, рекол:
– Мажите можат да ми позавидат, но најважно е што моите блиски пријатели, меѓу кои и Ана (сопругата) и Сташа (ќерката), многу добро знаат која е Вера во мојот живот, пишува „Лепа и среќна“.
Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.