More

    Поранешната манекенка Џени Шмизу којашто беше во љубовна врска со Мадона, во новата документарна серија „Ин Вог: 90-тите“ ги откри деталите за нејзиното време поминато со поп дивата во Европа

    spot_img

    Поранешната манекенка Џени Шмизу којашто беше во љубовна врска со Мадона, во новата документарна серија „Ин Вог: 90-тите“ ги откри деталите за нејзиното време поминато со поп дивата во Европа.

    „Мислам, нема да ѝ кажете не на Мадона во деведесеттите“, се потсетила Џени, а пренесува магазинот „Пипл“.

    „Навистина беше прекрасно да се чувствуваш како високо рангирана проститутка. Се случуваше да ме побара по телефон велејќи:„Хеј дали можеме да се видиме на мојата ревија во Париз? Ти си во Европа, зарем не?“, раскажа Шмизу, а потоа подетално објасни како изгледало сето тоа.

    „Јас ѝ одговорив: Да, само што завршувам со Прада. Веднаш по Прада ќе се качам на авион. Тоа и го направив. Во околу четири часот наутро, ќе отидев до нејзиниот хотел, спиев со неа, а потоа се вратив во Милано“, додаде Џени којашто имала љубовна врска и со Анџелина Џоли.

    „Мојата сопруга ќе ме убие“, се пошегувала Шмизу, која е во брак со Мишел Харпер од 2014 година.

    Во документарната серија, Џени, најмногу зборуваше за она што веќе го има објавено во своите мемоари минатата година.

    „Ми се допаѓаше тоа што ѝ бев на располагање на Мадона. Ја „палеше“ тоа што ми беше наредено да дојдам во нејзиниот апартман секогаш кога таа ќе го посакаше тоа“, раскажа Џени.

    Меѓутоа освен со Мадона, Џени имала сексуална врска и со Анџелина Џоли, а истото го потврди и самата актерка.

    „Веројатно ќе се омажев за Џени Шмизу доколку не се омажев за мојот сопруг“, изјави Џоли во 1997 година за магазинот „Грлфрендс“, притоа мислејќи на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img