Поранешната југословенска лото девојка Сузана Манчиќ се пензионираше минатата година по 50-годишна кариера. Сузана за српски „Блиц“ откри колкави се нејзините месечни примања сега.
– Понекогаш имаш пари, па можеш да си дозволиш нешто што сакаш, но и немањето не е страшно. Страшно е кога немаш за лек, за некои основни работи, но му благодарам на Господ пензијата доаѓа. Некому му кажав колку ми е пензијата, па порталите пишуваа како „скандалозно е колку е пензијата на Сузана Манчиќ, 53.000, за не дај Боже, луѓето живеат со толкава пензија – рекла Сузана. Инаку, 53.000 динари се околу 450 евра.
Манчиќ вели дека парите што ги заработувала секогаш ги трошела рационално.
– Имав рационален и штедлив момент. Потрошив половина, половина оставив настрана, така што во животот најчесто стекнував. Од таа пензија можеш да живееш, особено кога работиш нешто друго на страна – рекла таа.
Таа е горда на својата кариера.
– Да се има толку долга и недефинирана кариера е нешто на што се гордеам. Почнав со музика, потоа со телевизија, а потоа се случи Лото. Па, имаше пауза неколку години. Но, би сакала да ја завршам кариерата со една убава песна имам добар текстописец дома, а тоа е мојата ќерка Теодора, која ми вели дека треба да бидам емотивно вклучена – рекла Сузана.