Поранешната девојка на неодамна починатиот пејач Лиам Пејн, Софија Смит неодамна објави дека се свршила.
Инфлуенсерката, која беше во врска со Лијам од 2013 до 2015 година, му рече „да“ на нејзоното сегашно момче Џејмс Бриџвуд.
Среќната вест на Инстаграм ја сподели со своите следбеници објавувајќи црно-бело видео од свршувачката.
На видеото се гледа како вљубениот пар клечи на подот опкружен со ливчиња од роза и шише шампањ подготвено за прославата.
– Да, милион пати да, 25.12.24 – пишувало во описот на објавата.
Раскинувањето на Лијам и Софи ги шокираше фановите, кои чекаа парот да ја круниса врската со брак.
Во интервју за списанието „Атитуд“ тој рекол своевремено: „Разговаравме за брак, но на 22 години ми се чини дека сме премлади за тоа. Софија мора да оди и да прави што сака со својот живот, јас не сакам таа биде една од оние девојки кои остануваат дома и не се занимаваат со ништо“, пишува „Дејли мејл“.
Да потсетиме, Лијам почина на 31-годишна возраст на 16 октомври откако падна од балкон на третиот кат во хотел во Буенос Аирес. За оваа страшна несреќа обвинети се три лица.
Обдукцијата покажа дека пејачот починал од повеќе повреди и крвавење откако паднал од балконот на својата соба на третиот кат од хотелот „КасаСур“ во луксузниот кварт Палермо. Токсиколошките тестови покажале дека пред неговата смрт во телото имало траги од алкохол, кокаин и антидепресиви.
Сè уште не е познат идентитетот на осомничените за неговата смрт. Едно од обвинетите е личност наводно од персоналот на хотелот кој му дал кокаин на пејачот во текот на неговиот престој во хотелот од 13 до 16 октомври, а другиот е дилер.