Поранешна вицегувернерка отвора болна тема

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Јавните здравствени установи должат нови 58 милиони евра од ковид-кризата. Каде отидоа парите за кои се задолжувавме, а беа наменети за справување со ковид-кризата?

Ова прашање на својот профил на Линкдин го постави Маја Кадиевска Војновиќ, поранешна вицегувернерка и извршен член на бордот на Народната банка.

„Внатрешниот долг на државата на крај на септември 2022 година е 407 милиони евра (раст од ковид-19 наваму за 131 милиони евра) Државата му должи на приватниот сектор 207 милиони евра (раст од ковид-19 наваму за 88 мил иони евра). Јавните здравствени установи должат 104 милиони евра (раст од ковид-19 наваму за 58 милиони евра). Прашање: каде отидоа за ковид парите ако толку се кумулирал долг во здравството? Нели се задолжувавме за помош на здравство?“, напиша таа.

Share This Article