Поранешна советска република ја разлути Русија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Oд денеска Ерменија е обврзана да го уапси рускиот претседател Владимир Путин доколку тој стапне на нејзина територија. Земјата и официјално ја прифати јурисдикијата на Меѓународниот кривичен суд(МКС), постапка која ја налути Русија.

Прифаќањето на Римскиот статут, на кој се основа МКС е „нож во грб за Путин е заглавен уште подлабоко“, пишува Франс прес.

Ереван и Москва со години важеа за блиски бидејќи Русија важеше за гарант за мир меѓу Ерменија и Азербејџан. Работите станаа комплицирани кога Аезрберјџан изврши 24 часовна воена акција во Нагорно-Карабах принудувајќи десетици илјади етнички Ерменци да се иселат од регионот, а притоа Москва одлучи да молчи.

Русија или не сакаше или не можеше, среде војната со Украина, посериозно да се занимава со ова прашање и Нагорно Карабах падна.

Во март Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде потерница за апсење на Путин за организирање или одобрување на нелегална депортација на украински деца во Русија.

Ерменија сега го признава МКС.

– Римскиот статут, со кој беше основан Меѓународниот кривичен суд, официјално стапува на сила за Ерменија на 1 февруари – изјави ерменскиот претставник за правни работи Јегиша Киракосјан за агенцијата Франс прес.

Претходно, Ерменија соопшти дека сака да стане членка на НАТО, а претставници до Алијансата испратиле порака до земјата за разговор.

Се шпекулира дека со овој потег Ерменија сака да добие економска помош од САД, но и подобра позиција во пресметката со Азербејџан околку Нагорно-Карабах.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article