More

    Поранешна соработничка изнесе грозни детали за Снуп Дог

    spot_img

    Танчерката кој работела за раперот Снуп Дог (50) и за неговиот соработник Дон Меџик Хуан (71) ги тужи двајцата мажи со тврдења дека сексуално ја нападнале пред речиси 10 години.

    Анонимна жена во средата поднела тужба до федералниот суд во Лос Анџелес. Наводните напади од раперот и неговиот пријател се случиле набргу откако жената присуствувала на концертот на Снуп Дог во „Клуб Хит Ултра Лоунџ“, во Анахајм, Калифорнија, во мај 2013 година, пишува „Ролинг стоун“.

    Според тужбата, жената тврди дека била нападната откако прифатила превоз до дома од Дон Меџик Хуан, чие вистинско име е Доналд Кемпбел и завршила во неговата резиденција против нејзина волја. Таа тврди дека Кемпбел ја нападнал во резиденцијата кога „го извадил половиот орган од панталоните“ и „неколкупати го ставил во нејзината уста“.

    Нападната жена, исто така, тврди дека Кемпбел подоцна ја принудил да оди со него во студиото за снимање каде што Снуп Дог наводно ја снимал неговата телевизиска серија „Snoop Dogg’s Double G News Network“. Наводно ѝ било лошо и ја користела бањата во студиото кога раперот неочекувано влегол по неа, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја принудил на орален секс.

    Кога ја забележал нејзиното гадење, тој наводно „продолжил да мастурбира и ејакулирал на горниот дел од градите на тужителката“, а потоа ѝ рекол:

    „Ќе ти донесам нешто за да се исчистиш“, се вели во извештајот, а жената останала „понижена, преплашена и испаничена“ во бањата.

    Извор близок до Снуп Дог, наводно, изјавил за ТМЗ дека жената намерно поднела тужба воочи Суперболот овој викенд, бидејќи раперот треба да настапува на полувремето. Жената тврди дека не ги пријавила веднаш за наводните напади бидејќи „размислувала за безбедноста на својата работа“. Таа, исто така, тврди дека работела неколку години за различни компании во сопственост или поврзани со раперот.

    Да потсетиме, Снуп Дога претходно беше тужен и од шминкерката Кајли Бел, која изјави дека раперот и членовите на неговата придружба сексуално ја нападнале во 2003 година. Непосредно пред таа да ја поднесе тужбата, Снуп ја тужел Бел поради изнуда. Подоцна Бел се откажала од тужбата затоа што работата наводно била решена спогодбено.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img