Против правниот тим на раперот Шон Комбс, попознат како Пи Диди, е поднесена уште една тужба од поранешен асистент кој две години организирал „кралски забави“.
Тужбите против Шон Комбс едноставно се трупаат. Откако беше откриено дека против раперот ќе бидат поднесени 300 тужби, поранешниот вработен Филип Пајнс одлучи да изнесе гнасни информации за случувањата на неговите озлогласени забави.
Пајнс тврди дека работел за Диди две години, од 2019 до 2021 година, и дека во тој период организирал „диви кралски забави“, набавувал дрога и играчки за возрасни, а во една прилика бил принуден да има интимни односи пред раперот „за да ја докаже својата лојалност“.
Во тужбата до која дојде магазинот „Ролинг стоун“ се наведува и дека во текот на патувањето со раперот, Пајнс бил одговорен за црната чанта „Гучи“, попозната како „МВП чанта“ во која имало нелегални набавки за споменатите забави.
„Комбс барал од Пајнс да обезбеди неговата спална соба и разните хотелски соби да бидат опремени со црвени светла, кофи со мраз, алкохол, марихуана, пакетчиња за либидо, масло за бебиња, лубриканти, крпи, нелегални дроги и играчки за возрасни“, се вели во тужбата.
Пајнс тврди дека меѓу дрогите се наоѓале и „таблети за ден потоа“ и „цијалис“.
„Ги отстранувал сите докази за дрогата, кондомите, сексуалните играчки, но и крвта и урината од постелнината и мебелот“, се наведува во тужбата, за што веднаш реагирале адвокатите на раперот кој се наоѓа во затвор.
„Без разлика колку тужби се поднесени, тоа не го менува фактот дека г-дин Комбс никогаш сексуално не злоставувал или тргувал со луѓе – без разлика дали се жени или мажи, возрасни лица или малолетници. Живееме во свет во кој секој може да поднесе тужба од која било причина. За среќа, правосудството постои за да ја утврди вистината и г-дин Комбс е убеден дека ќе победи на судот“, се вели во изјавата на адвокатот.
Пајнс во тужбата наведува и дека не смеел да ги остава „потребните работи“ за забавите во ходникот, туку морал да ги внесува во просторијата кога ќе го повикале, поради што бил „против својата волја изложен на настаните во собата“. Пајнс, исто така, тврди дека морал да ги чисти интимните видеа од сите уреди.
„Нему му беше наредено да ги исчисти уредите на Шон Комбс, вклучувајќи телефони, лаптопи и таблети од компромитирачки видеа. За да ја изврши оваа задача, морал да го види видеото, а потоа да го избрише“, се наведува тужбата.
Панче рекол и дека во една прилика бил сексуално злоставуван, кога Комбс наводно му ги масирал рамениците, а потоа го турнал кон една гостинка која му ставила кондом.
„Му рекол да му покаже лојалност кон кралот и да спие со гостинката. Ги откопчал панталоните и се изложил на Комбс и гостинката“, стои во тужбата, во која се наведува дека му било непријатно и дека по учеството во чинот неколку моменти подоцна престанал и „излегол од собата вознемирен“.