More

    Поранешен советник на Трамп: Да беше Трамп претседател, Хамас не би се осмелил да го нападне Израел

    spot_img

    Џејсон Гринблат, поранешен советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изрази уверување дека палестинскиот исламски Хамас немаше да се осмели да го нападне Израел доколку Трамп се уште беше на чело на земјата.

    Гринблат исто така верува дека Иран и јеменските бунтовници Хути би биле „потивки“ и дека либанскиот Хезболах не би помислил да го нападне Израел, објавија денеска израелските медиуми.

    Одговарајќи на прашање на израелски новинар за барањето на САД Израел да премине во следната фаза од војната, Гринблат рече дека САД не се во позиција да и кажат на таа земја што да прави.

    Гринблат, исто така, изрази уверување дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден докажала дека е 100 отсто со Израел.

    Тој додаде дека иако Бајден често го критикува Нетанјаху, двајцата лидери знаат како да соработуваат кога е потребно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img