46-годишниот поранешен ММА борец Фил Барони е уапсен во Мексико под обвинение дека ја убил својата девојка во хотелската соба каде што престојувале.
Според мексиканската Tribuna De La Bahia, врз основа на тоа што Барони и го кажал на полицијата, девојката му признала дека го изневерувала, на што тој реагирал фрлајќи ја силно во туш кабината, при што таа удрила во главата и почнала да крвари. Барони потоа ја преместил во кревет, каде што искрварила до смрт.
Долго време се бори со зависноста од алкохол и дрога
Според извештајот, Барони бил под дејство на алкохол и дрога, пороци со кои очигледно неуспешно се бори со години.
Барони сам се пријавил во полиција набргу по инцидентот, наведувајќи дека неговата девојка била во неговиот кревет и дека не реагирала. Недолго потоа, тој беше уапсен и обвинет за убиство.
Најсветлите денови во кариерата ги доживеа на почетокот на овој век, кога на самиот почеток на професионалната ММА кариера стана член на УФЦ, а поради отворениот стил на борба стана еден од омилените на фановите.
По добриот почеток на промоцијата, тој беше отпуштен од неа во 2005 година, по четири порази во низа, но веднаш се пресели во јапонскиот Прајд и одработи шест борби во најсилната тогашна светска промоција, пред да се пресели во Страјкфорс. .
Во УФЦ се враќаше уште два пати, но не успеа да остане долго. Кариерата ја заврши во 2019 година со биланс од 16 победи и 19 порази.