Поранешен играч на МЗТ Скопје го осакати српскиот кошаркар

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На српскиот кошаркар Бориша Симаниќ синоќа во Манила му е отстранет бубрегот поради компликации по повредата што ја доби на натпреварот против Јужен Судан на Светското првенство што се одржува на азискиот континент. Симаниќ настрада во дуел со суданскиот репрезентативец Нуни Омот, кој е поранешен играч на МЗТ Скопје.

 

Информацијата за здравствената состојба на Симаниќ денеска ја објави Кошаркарската федерација на Србија, пренесувајќи изјава на шефот на лекарскиот тим на српската репрезентација Драган Радовановиќ.

– Поради појава на компликации на повредениот бубрег, кои настанаа во постоперативниот тек, Бориша Симаниќ повторно беше опериран на 3 септември. Поради промена во виталното ткиво на бубрегот, со оперативен зафат мораше да биде отстранет целиот бубрег. Очекуваме и посакуваме по овој оперативен зафат постоперативниот тек да мине уредно – соопшти Радовановиќ.

Српските медиуми објавија дека здравствената состојба на Симаниќ дополнително се влошила во текот на ноќта поради што му била извршена и втора операција и му бил изваден повредениот бубрег.

Кошаркарот на Јужен Судан, Нуни Омот, кој го повреди Симаниќ на натпреварот од 3.коло од првата фаза на СП, упати јавно извинување, нагласувајќи дека немал намера да го повреди српскиот репрезентативец.

Нуни Омот кој настапува за репрезентацијата на Јужен Судан, е роден во Најроби, Кенија, а потоа со родителите поради војната во оваа земја пребегнал во САД. Таму завршил средно училиште, потоа настапувал за колеџот Бејлор и бил пријавен на НБА драфтот во 2018 година, но не бил избран. Затоа се решил на драстичен чекор – наместо во најсилната лига во светот, кариерата ја продолжил на Балканот.

Омот во 2019 година стигна во МЗТ Скопје, но не се снајде во АБА 2 лигата и брзо си замина. Како што соопшти тогаш раководството на македонскиот клуб, договорот со Омот бил раскинат поради семејни причини.

Суданскиот репрезентативец играше и за турски Тофас, а моментално е член на Тајхунг Санс од Тајван.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article