Поранешен француски репрезентативец: Се надевам дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Trophee des Champions - Paris St Germain v Toulouse - Parc des Princes, Paris, France - January 3, 2024 Paris St Germain's Kylian Mbappe celebrates after winning the Trophee des Champions REUTERS/Stephanie Lecocq

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Кристоф Дугари изјави дека се надева дека Килијан Мбапе ќе го напушти Пари Сен Жермен на крајот на сезоната.

Мбапе има договор со францускиот шампион до крајот на сезоната. Тој постојано одбиваше да ја продолжи соработката со клубот од Париз.

„Со целото мое срце се надевам дека ќе го напушти Пари Сен Жермен. Мбапе стагнира. Станува предвидлив во дуелите, му недостасува сила и карактер. Често е невидлив на теренот. Изгледот му е негативен, се повеќе мавта со рацете. Тој ми изгледа малку изгубен. Работите не одат добро во ПСЖ веќе неколку месеци“, изјави Дугари за RMC.

Тој истакна дека Мбапе во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

„На секои шест месеци прашање е дали Килијан ќе замине. Ме прави лут и уморен. Сакам Мбапе да избере клупски проект наместо личен. Уморен сум од гласините за неговата иднина, уморен сум од тоа. Не ми е гајле повеќе“, додаде Дугари, кој играше за француската репрезентација од 1994 до 2002 година.

Мбапе има 18 гола на 16 натпревари во француското првенство оваа сезона или три гола на шест меча во Лигата на шампионите.

Share This Article