More

    Пораки од министерскиот панел на конференцијата на ОЕЦД

    spot_img

    Тезата дека во процесите на дигитализација, зелената агенда и циркуларната економија, почнувајќи од 2021 година, секоја земја бележи различен степен на напредок се потврди и на министерскиот панел  одржан  во рамки на конференцијата на високо ниво на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за Југоисточна Европа, насловена „Поттикнување на конкурентноста, постигнување на конвергенција”.

    На панелот  учествуваше и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

    Како што соопшти комората, ваквата состојба  за земјава отвора сериозни обврски пред почетокот на пристапните преговори да направи дополнителни напори за интензивирање на активностите, особено во еден момент во кој, со Планот за економски раст на ЕУ, се нуди поддршка и финансиска помош за имплементирање на овие вредности  без кои не е можно создавање на додадена вредност.

    Азески, кој учествуваше во дискусијата на министерскиот панел, истакна дека конференцијата покажа прецизност и јасност во изградените политики, и дека и приватниот сектор мора да сфати дека треба да партиципира со засилена инвестициона активност и нови вработувања, што значи ставање во функција на сите можности кои значат зголемување на извозот, продуктивноста и конкуренцијата.

    Од комората додаваат  дека позитивно е оценета заедничката платформа изразена преку Стратегијата за паметна специјализација која се имплементира со помош и поддршка на земјите членки на ЕУ кои се наши помагачи во овој процес, како Словенија и Хрватска.

    – Сè на сè, една невообичаена дискусија за напредните алатки во интерес на компаниите, но и за зголемување на имплементациската моќ во земјоделието, енергетската ефикасност, ИКТ кои мора да претставуваат моторна сила на новиот развој – велат од Комората.

    Конференцијата на ОЕЦД за Југоисточна Европа во Париз, во  чиј фокус беше градењето перспектива за поттикнување на конкурентноста на Западен Балкан во 2024 година, ги собра високите претставници од ОЕЦД, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, како и бројни министри, заменици премиери и државни секретари од земјите на ЕУ и ЈИЕ кои ги истражуваа стратегиите за олеснување на социо-економската конвергенција на регионот на Југоисточна Европа кон стандардите на ЕУ и ОЕЦД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img