Пораката на старлетата ја сподели Кајли Џенер, на истата тема коментираа и Џесика Алба и Викторија Бекам

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За војната во Израел проговорија бројни светски јавни личности, меѓу кои и Ким Кардашијан, која објави долга порака на Инстаграм. Нејзините зборови на нејзиниот профил на оваа социјална мрежа ги сподели нејзината сестра Кајли Џенер, која пред неколку дена беше критикувана бидејќи набрзо по објавувањето избриша објавата за поддршка на Израел.

„Порака до моите пријатели Евреи и семејството. Ве сакам, ве поддржувам, слушам колку си исплашени и сакам да знаете дека не сте сами.

Како луѓе кои имаат срце, како може некој да не биде очаен од ужасните слики пред кои никогаш нема да ги затвориме очите. Бруталниот тероризам однесе невини животи, а сега израелските и палестинските цивили страдаат и ја плаќаат највисоката цена“, напиша Ким Кардашијан, нагласувајќи дека не е важно кој на чија страна ќе застане, па додала: „Во нашите срца секогаш треба да има место за сочувство кон невините жртви фатени на нишанот на конфликтите за моќ, политика, религија, раса и етничка припадност“.

 

Ким порача дека разбира оти не може да ја ублажи болката на луѓето, па истакна дека нејзиното семејство и таа се молат за ослободување на заложниците, се молат за жртвите, нивните семејства, мирот за невините и правдата да ги достигне тие кои заслужуваат да одговараат за она што го направиле.

Ким напиша дека секој што ја чита нејзината порака треба да се обрати до „пријателите, колегите, сите во нивната заедница, оние кои се повредени, без разлика на која страна се, за да проверат како се чувствуваат луѓето околу нив и да им кажат дека тие ги сакаат“.

На крајот таа истакна: „Молитви и мир засекогаш“.

Дел од нејзината објава објави и Кајли Џенер на Инстаграм, а тој дел меѓу другото гласи: „Исто така барам во вакви тешки моменти како овие да не се осудува кој зборува, а кој не, затоа што на секој треба да му се дозволи да се справува со кризните времиња на начин кој најмногу му одговара, без разлика дали е приватно или јавно“.

- Advertisement -
Ad image

Се огласи и Џесика Алба која на Инстаграм напиша дека ужасот на кој се изложени Израел и еврејската заедница е потресен. Таа истакна дека како мајка и човек е против тероризмот и дека таквиот став воопшто не треба да биде контроверзен. Џесика порача дека е длабоко вознемирена од она што невините семејства, жени и особено деца го доживуваат од двете страни.

 

- Advertisement -
Ad image

Истата порака на Инстаграм ја објави Викторија Бекам, овие зборови се објавени во знак на поддршка за семејствата на жртвите, во знак на сочувство за сите погодени од конфликтот и со иста цел.

 

 

ФОТО: Инстаграм

Share This Article