More

    Порака од претседателот Пендаровски по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жените

    spot_img

    По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жените, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака:

    Денеска кога ја одбележуваме децениската борба за социјална, економска и политичка еднаквост на жените, да се потсетиме дека секоја жена има право на слободен избор за своето тело, семејство, образование, занимање, работа, кариера, развој, политичко дејствување и учество во јавниот живот.  

    Ниту едно општество не може да се развие доколку половина од населението е исклучено од тој развој. Мораме да се застапуваме за поголемо политичко учество на жените, поголем број на жени на раководни позиции, да носиме политики во кои ќе ги планираме потребите на жените, буџети кои ќе ја имаат родовата димензија. Да создаваме општествен амбиент што ќе овозможи повеќе жени да бидат вклучени, а не исклучени.

    Доколку сакаме да изградиме модерно, отворено и демократско општество потребно е да направиме повеќе за еднаквите можности на жените и мажите, а нерамноправноста, дискриминацијата и шовинизмот да ги оставиме во минатото. Жртвите на родово-базирано насилство мора да добијат правда. Треба гласно и одлучно, и стратешки и тактички, да се бориме против родово-базираното насилство, за кое мора секогаш да има праведна разрешница.

    Време е да создадеме општество во кое жените нема да треба постојано да вложуваат натчовечки напори за да го реализираат својот потенцијал.

    Борбата за еднаквост не смее да запре. Честит 8 Март!  

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img