Поради зголемената умирачка семејствата ќе добиваат 5.000 денари со задоцнување

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Намалената сума за исплата од Солидарниот фонд на пензионерите е одлука на Сојузот на здруженија на пензионери, реагира денеска Министерството за труд и социјална политика откако вчера беше објавено дека посмртнините се намалуваат од 30.000 на 25.000 денари.

„Во врска со дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите, Министерството за труд и социјална политика, информира дека, намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија. Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова“, се наведува во реакцијата на Министерството.

Оттаму велат дека немаат надлежност во однос на условите за членување во здружение на пензионери, финансирање, начинот на распределба на средствата и контрола во финансиското работење на здруженијата на пензионери. Тие потсетуваат дека пензиите се покачени од Буџет со кој располага ПИОМ без кратење од други ставки од буџетот на државата.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е институција која само е сервис на корисниците на пензија, кој врши задршка на утврдениот износ на средства од страна на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и врши исплата на средства од посебниот фонд, се додава во реакцијата.

Од Одборот на регистрирана организација за солидарен фонд и членарина, пак, за „Слободен печат“ објасниле дека парите за посмртнина не се трајно намалени и дека семејствата на починатите ќе ги добијат војули доколку во меѓувреме не дојде до промена на времената мерка.

– До пандемијата умираа околу 1.200 корисници на пензија просечно месечно, а сега за време на пандемијата месечно умираат над 1.800 корисници на пензија. Со тоа се зголеми бројот на примателите на посмртна помош и времето на чекање на исплата на отпремнината. Со цел да се помогне на примателите да се намали времето на чекање, одборот донесе времена одлука да им помогне на семејствата и да им се исплати најголем дел од отпремината од 25.000 денари, а 5.000 денари, дополнително ќе почнат да се исплатуваат со исплатата на јулската пензија, по редослед на поднесените барања и во зависност од расположивите средства – најавуваат од Одборот.

Share This Article