Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце денеска се чека околу 30 минути.
На останатите гранични премини, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце, времето на чекање е околу 30минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата – велат од АМСМ.