Поради високата инфлација промени во австриски Лидл, Спар…

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Австрија најави дека во борбата против инфлацијата ќе ја засили контролата на малопродажните компании и наплатата на данокот на екстра добивка во енергетскиот сектор.

Компаниите од прехранбениот сектор, во кој доминираат синџирите супермаркети Rewe, Aldi, Lidl и Spar, во иднина ќе треба да ги објавуваат трошоците за набавка на основните прехранбени производи.

Владата ќе го заостри оданочувањето на дополнителната добивка во енергетскиот сектор доколку компаниите доброволно не ги намалат цените, најави во средата канцеларот Карл Нехамер.

Според проценките на европската статистичка служба Еуростат, инфлацијата во Австрија во април изнесувала 9,6 отсто и е значително над просекот на еврозоната, каде што потрошувачките цени се за седум отсто повисоки во однос на истиот период лани.

Корпорациите направија „милијарди профити на сметка на граѓаните и економијата“, рече канцеларот Нехамер. „Не треба да го трпиме ова“, додаде вицеканцеларот Вернер Коглер од партијата на Зелените.

Собранието во јуни треба да ги усвои измените на соодветните закони.

Опозициските социјалдемократи ги критикуваа плановите на владата.

„Оваа прес-конференција нема да намали ниту една цена“, рече Јорг Лајхтфрид, заменик-претседател на парламентарната група на Социјалдемократите (СЈОЕ). Тој вината за последното поскапување ја препишува на владејачката коалиција, истакнувајќи дека ризикот од сиромаштија е значително зголемен.

СЈОЕ на вонредната седница на Собранието в петок ќе поднесе барање за изгласување недоверба на Владата и ќе побара суспендирање на ДДВ за основните прехранбени производи и блокирање на поскапувањата на кириите, кои неодамна скокнаа за околу 10 проценти.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article