Поради трагедијата, УЕФА го одложи натпреварот меѓу АЕК и Динамо Загреб

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени.

Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека грчкиот тим на 15 август во Загреб, како што е и предвидено, додека дуелот кој вечерва требаше да се одигра во Атина е одложен за 18 или 19 август во зависност од датумот за кој двата клуба ќе се договорат.

„УЕФА најостро ги осудува ужасните инциденти кои се случија синоќа во Атина и кои резултираат со загуба на живот. Изразуваме наше најдлабоко сочувство до семејството на жртвата, атинскиот фудбалски клуб АЕК и нивните навивачи. Сакаме да повториме дека насилството нема место во нашиот спорт и очекуваме одговорните за овој ужасен чин да бидат уапсени и предадени на правдата во најкус можен рок“, соопшти УЕФА.

Раководното тело на европскиот фудбал претходно донесе одлука натпреварите во Атина и Загреб меѓу АЕК и Динамо да се одиграат без присуство на гостински навивачи, но и покрај забраната, вчера во Атина, според извештаите на локалните медиуми, пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот шампион.

Share This Article