Поради снежни наноси дел од патот Крива Паланка до граничниот премин „Голема Црцорија – Голеш“ на околу 600 метри пред преминот, е непрооден, соопшти АМСМ.
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.