Поради силното јужно и југозападно струење, оваа седмица од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во текот на оваа седмица нашата територија ќе се наоѓа под влијание на изразено јужно воздушно струење и циклонска активност од запад. Ќе дува умерен до засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец, а ќе има и повремени врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат интензивни и обилни, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Тој истакнува дека на високите планини ќе има врнежи од снег, и тоа особено во западните предели, што ќе резултира со формирање нова снежна покривка.

– Температурите како утринските, така и максималните дневни ќе бележат тенденција на значителен пораст и ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината. Mаксималните дневни температури речиси насекаде ќе се искачуваат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат до околу 20 степени – вели Попоски.

Метеопрогнозерот напоменува дека за време на оваа циклонска активност, локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и силен јужен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на невреме.

Во Скопје ќе има слично време како на територијата на целата земја.

– Во случај на појава на силен јужен ветер, како и појава на невреме, препорачуваме крајна претпазливост. Граѓанитеда не ги паркираат своите автомобили под дрвјата за да не дојде до некоја штета – предупредува Попоски.

Тој нагласува дека поради силното јужно и југозападно струење, оваа седмица од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, со што и атмосферата ќе биде заматена.

Share This Article