Поради провокативните слики таа го напушти спортот, но се уште се зборува за неа
Поранешната американска одбојкарка Кајла Симонс реши да ја жртвува спортската кариера поради провокативните фотографии кои не сакаше да ги избрише од социјалните мрежи.
Кајла успешно се натпреваруваше за Универзитетот Маршал во NCAA лигата, најсилната колеџ лига во САД, а покрај тоа, сакаше да се фотографира и често ги истакнуваше градите во преден план.
Токму за тоа и замерила управата на колеџот, што и самата Кајла го признала во интервју за „Њујорк пост“.
„Тие инсистираа дека фотографиите што ги објавувам се несоодветни. Бараа да го избришам мојот профил на социјалните мрежи“, рече Кајла и додаде:
„Инцидентот на колеџот ме научи на некои вредни лекции. Ми беше одземено правото да се занимавам со мојот омилен спорт. Тогаш сфатив дека не треба да дозволиш другите луѓе да влијаат на тоа како треба да се чувствуваш“.
Кајла ги наследила спортските гени од нејзиниот татко и дедо, кои биле професионални бејзбол играчи.
Покрај спортот, таа се истакна и во студиите по новинарство, а работи и како модел за да заработи пари за патувања низ светот.
Таа сега стана успешен модел во бикини и неодамна позираше за Плејбој, а нејзините нови фотографии сè уште се тема на социјалните мрежи.