Новак Ѓоковиќ го одработи својот прв јавен тренинг на терените на Австралија опен по депортацијата минатата година и не успеа да го заврши.
Српскиот тенисер пристигна во Мелбурн во понеделникот, но дури оваа среда реши да излезе на теренот.
Претходно тој договори спаринг партнер да му биде Даниил Медведев, а двајцата тренираа заедно и ги воодушевија фановите.
Сепак, по 36 минути Ѓоковиќ реши да го напушти теренот. Не се чувствувал добро, му била укажана помош за препоните, а превентивно било одлучено да излезе бидејќи до Австралија опен останале само пет дена.
Тогаш многу фанови останаа без зборови бидејќи се прашуваа дали тоа не е посериозен проблем. Тоа е проблем со препоните, а очигледно не се движел доволно добро.