Поради појава на магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка се бележи намалена видливост од 40 до 50 метри

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла на патниот правец Тетово-Попова Шапка се бележи намалена видливост од 40 до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Share This Article