More

    Поради поддршката за Палестина, прво беше казнет од клубот, а сега и од Француската фудбалска федерација

    spot_img

    Алжирецот Јусеф Атал минува низ тешки моменти во својата професионална кариера поради неговиот став да ја поддржи Палестина во конфликтот со Израел.

    Поради ова неговиот клуб Ница го суспендираше на неодредено време, иако Атал избриша објава на социјалната мрежа Инстаграм која многумина ја карактеризираа како антисемитска.

    Но, тоа не беше крајот. Француската фудбалска федерација покрена сопствена истрага, која резултираше со суспензија од седум натпревари, која ќе започне на 31 октомври.

    Не помогна ниту тоа што Алжирецот преку социјалните мрежи испрати јавно извинување.

    „Свесен сум дека мојата објава шокираше многу луѓе, што не беше моја намера и се извинувам. Сакам да го разјаснам моето гледиште без никаква двосмисленост: силно ги осудувам сите форми на насилство, каде било во светот и ги поддржувам сите жртви на насилство“, напиша меѓу другото Атал во своето извинување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img