Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец Македонска Каменица – Делчево сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента за сите видови на возила

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради обилни врнежи од дожд на патниот правец Македонска Каменица – Делчево сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента за сите видови на возила, информира АМСМ.

Оттаму информираат и дека поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.06.2023 а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Share This Article