Намалена видливост поради магла до 30 метри има од село Лисец до Попова Шапка, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила има патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираа од ЈП Македонијапат.
„Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, се наведува во соопштението.
ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.
Дежурните екипи, се наведува во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.