Поради магла утринава намалена е видливоста на патниот правец Скопје-Демир Капија од 50 до 100 метри, информира Авто мото сојузот.
Сообраќајот на останатите патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.