Поради критикување на играчот: Кунц повеќе не е селектор на Турција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Euro 2024 Qualifier - Group D - Turkey v Armenia - The New Eskisehir Ataturk Stadium, Eskisehir, Turkey - September 8, 2023 Turkey coach Stefan Kuntz REUTERS/Murad Sezer

Турскиот фудбалски сојуз во неделата му врачи оставка на селекторот Стефан Кунц, откако германскиот стручњак ги критикуваше играчите за поразот на пријателскиот натпревар против Јапонија.

Минатата недела Јапонија ја совлада Турција (4:2) во пријателски натпревар, а Кунц потоа одговори на повиците на навивачите да поднесе оставка велејќи дека неговите играчи треба да работат повеќе и дека не е единствениот виновен за поразот. .

Тој исто така додаде дека играчите мора да одговараат на критиките на теренот, а не на интервјуата што ги даваат по натпреварите и истакна дека многу му пречи што играчите навистина не даваат се од себе на теренот.

Според турските медиуми, неговите изјави доведоа до заострување на односите меѓу селекторот и Фудбалскиот сојуз кој во неделата го информираше дека е отпуштен. Како што се шпекулира, договорот што го имаше со ФС Турција ќе биде откажан.

Од турската фудбалска федерација се немаат дадено официјално соопштение за оваа работа, а медиумите очекуваат тоа да се случи дури во вторник.

Кунц на селекторската функција беше назначен во септември 2021 година, а на следниот квалификациски натпревар за ЕП во 2024 година, во кој Турција ќе игра против Хрватска, репрезентацијата треба да ја предводи Кенан Кочак, кој му беше помошник на Кунц.

Се шпекулира дека нов селектор на Турција би можел да биде Абдула Авџи, но се споменува и можноста тоа да биде поранешниот селектор на Германија, Јоаким Лев.

Share This Article