Популарните платформи Инстаграм и Фејсбук имаат проблеми со работата, а корисниците ширум светот пријавуваат грешки во работата на овие социјални мрежи.
Сајтот DownDetector, кој ја следи состојбата на интернет-страниците, покажува проблеми во работењето на двете најпопуларни социјални мрежи.
Корисниците кои пријавуваат проблеми доаѓаат од речиси сите делови на светот, вклучувајќи ги САД, Австралија и делови од Европа и од Азија.