Популарниот рапер брутално претепан во теретана

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Раперот Даниел Хернандез, попознат како 6ix9ine, бил претепан додека бил во теретана на Флорида. Музичарот бил претепан од група мажи, а на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео.

На видеото објавено на Твитер, може да се види група мажи како стојат над раперот и го удираат со тупаници додека тој од болка се витка на подот од тоалетот во теретаната.

 

 

На видеото се слушаат и непознатите мажи како му викаат на раперот да замолчи додека тие продолжуваат да го тепаат.

Адвокатот на раперот, Ленс Лазаро, изјави за ТМЗ дека 6ix9ine бил во сауна кога непознати мажи му пришле и почнале да го удираат со тупаници.

Адвокатот исто така додаде дека раперот во моментот на нападот немал обезбедување со себе.

Вработените во теретаната повикале полиција и брза помош, која го пренела раперот во болница. Имено, раперот се здобил со повреди на вилицата, ребрата и грбот, а има и бројни исеченици и модринки по телото.

 

- Advertisement -
Ad image

За потсетување, Даниел Хернандез се изјасни за виновен за рекетирање и други обвиненија и се соочи со десет години затвор пред да се согласи да соработува со владата и да сведочи против членовите на „Nine Three Gangsta Bloods“.

Share This Article