Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ доби дете од сурогат мајка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Популарната српска пејачка Марија Шерифовиќ доби дете од сурогат мајка. Бебето се родило на почетокот на декември, момче, а пејачката му го дала името Марио, јави српски Блиц.

Марија се одлучила за тоа име поради неговата силна симболика – доаѓа од латинскиот збор „mare“ што значи море, како и „марем“ што го претставува мажјакот или главата на семејството.

Бидејќи сурогат мајчинството се уште не е практика во Србија, пејачката кон средината на ноември отпатувала за Америка за да биде со сурогат мајка за време на подготовките за породувањето.

Бебето се родило во клиника во Лос Анџелес, а Марија присуствувала на породувањето.

Српската пејачка не криеше колку сака да има дете.

– Тоа е многу интимно прашање, особено во овој момент и во овој случај. Не сум го сменила тоа мислење и со нетрпение го очекувам тој момент, кој веројатно се ближи. Во принцип, се што има врска со дете е сериозна работа и за тоа нема шеги. Тоа ќе ми се случи на многу испланиран начин, кога ќе бидам подготвена да му ја подадам суштината на мојот живот на Шерифовиќ јуниор. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам – изјави Шерифовиќ пред година и пол.

Share This Article