Популарната пејачка Северина доживеа бламажа во живо на хрватскиот избор на песна за Евровизија, музичкиот спектакл Дора. Непријатната што и ја приреди водителот на Северина освен што се пренесуваше во живо на хрватсската анционална телевизија, брзо се прошири и на социјалните мрежи.
Северина се појави на сцената како изненадување во настапот на групата Let 3 која се натпреваруваше на Дора, а нејзиниот настап привлече големо внимание.
Таа на сцената се појави во жолт костим со голем чекан, а потоа имаше огромно пластично јајце кое им го нудеше на останатите кандидати.
Тогаш до неа пријде пејачот и радио водител Саша Лозар и праша:
– Дали е тоа твоето јајце, Северина? Од кралицата кокошка? Чекај, имам уште едно јајце… Не е толку големо, но ќе биде добро – рече тој, посегнувајќи во џебот за да покаже на кое јајце мисли.
Ова не е единствената сцена со јајцата на Северина која ги шокираше гледачите. Натпреварувачот Еуген Стјепан Вишиќ ја запрепасти јавноста кога Северина му подари јајце.
– Јас мислам дека држењето на јајцата тебе многу подобро ти стои отколку мене. Дали можеш да го направиш тоа? – рече Вишиќ, а Северина остана без зборови.