More

    Популарната фитнес инфлуенсерка и бодибилдерка Дебора Мичелс е пронајдена мртва, нејзиното тело е фрлено на тротоар, сопругот Александар главен осомничен

    spot_img

    Популарната фитнес инфлуенсерка и бодибилдерка Дебора Мичелс (30) е пронајдена мртва, а нејзиното тело е фрлено на тротоарот на само неколку метри од домот на нејзините родители во градот Рио Гранде до Сул, Бразил.

    Полицијата набрзо го уапсила нејзиниот сопруг Александар Гуншча (50), кој признал дека ја убил.

    Како што е потврдено, безбедносните камери го снимиле Александар како го остава телото на Дебора на тротоарот, по што влегол во автомобил и исчезнал во непознат правец.

    Кога бил уапсен, Александар наводно во полиција рекол дека среде жестока расправија ја фатил Дебора за врат и дека ја подигнал од земја и ја фрлил на плакарот, по што таа изгубила свест.

    По злосторството, Александар го ставил телото во автомобилот, со намера да ја однесе Дебора во болница, но „тогаш сфатил дека е мртва“, па „во паника отишол кај нејзините родители и го оставил телото надвор, пред нивниот дом“.

    Нејзиното тело било пронајдено под ќебе во петокот наутро.

    Според адвокатот, Александар во саботата мирно ја дочекал полицијата и при приведувањето не давал отпор, а потоа го признал злосторството.

     

    Братот на убиената Дебора Алекс Мичелс рекол дека семејството сака правда. Пријателите на Дебора велат дека таа била неверојатна личност.

    „Таа ја осветлуваше просторијата каде и да се појавеше. Имаше пријатели насекаде, правеше само добри дела. Беше борец, претприемачка… Нема објаснување за тоа што се случи. Таа не го заслужи ова. Ништо не ни е јасно“, рекле пријателите“, пренесува британскиот „Сан“.

    Бодибилдерката Дебора беше многу популарна на Инстаграм и имаше илјадници следбеници, кои редовно ги следеа нејзините едукативни објави за тренинзи.

    Таа и Александар биле во брак десет години, но Дебора наводно сега сакала развод.

    Таа беше погребана во саботата, а истрагата за убиството сè уште е во тек. Александар е задржан во притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img