Потрагата по нови, ефикасни и докажани решенија за подмладување и грижата за здравјето никогаш не престанува. Постојано се реализираат научни истражувања кои наметнуваат нови трендови и нови состојки за нега, превенција или лекување. Едно од најзначајните научни откритија и воедно еден од најпопуларните трендови како во негата на убавината така и во одржување на здравјето во последната деценија е секако откривањето на здравствените придобивки на екстрактот од полжав.
Неговиот уникатен состав кој му помага на полжавот да си го поправа оклопот и го штити неговото меко тело од многуте негативни надворешни механички и атмосферски влијанија денес, согласно тврдењата на науката, има придобивки и во одржување на убавината, превенција и третман на повеќе здравствени состојби, а екстракт од полжав за зглобови е веќе достапен, како ефикасен природен производ за одржување на здравјето и функцијата на зглобовите.
Екстракт од полжав во нега на кожата
Една од најексплоатираните области на употреба се придобивките на екстрактот од полжав во спречување на стареењето и подмладување на изгледот на кожата. Конкретно тој може да помогне во:
– Хидратација и навлажнување. Благодарение на содржината на колаген, глукозамин и хијалуронска киселина тој помага да се задржи водата во длабоките слоеви на кожата што како придобивка овозможува одржување на влажноста и хидрираноста.
– Својства против стареење. Комбинацијата на колаген, хондроитин, глукозамин и други гликопротеини е клучна за одржување на структурата на сврзното ткиво во кожата. Во младоста кожата е затегната и цврста благодарение на здравата колагенска структура, но со стареењето телото ја намалува продукцијата на колаген, тој се уништува што предизвикува пропаѓање и опуштање на кожата и создавање на брчки. Затоа обновата и одржувањето на добрата колагенска структура е тајната за кожата да остане тонирана, еластична и цврста и да се спречи појавувањето на брчки, а воедно има придобивка и за бришењето на лузните и старачките флеки.
– Исцелување и регенерација. Специфични состојки во екстрактот од полжав помагаат и во побрзо зацелување на раните, побрза обнова на оштетените клетки и создавање на нови клетки на површината што како придобивка овозможува полесно заздравување и регенерација и на кожата а и на другите ткива кај човекот.
Екстракт од полжав во здравје и благосостојба
Зајакнување на имунолошкиот систем – содржината на антиоксиданти, ензими и лизозими кои се способни да ги разградат и уништат бактериите и другите микроорганизми, со што тој има придобивка да помогне и во одржување на имунитетот и заштитата од инфекции.
– Гастроинтестинално здравје. Една од основните придобивки на слузта од полжавите е обложување и заштита на желудникот и обвивката на цревата од бактерии, инфекции и иритации, а воедно помага и во заздравување на чировите.
– Респираторно здравје. Малкумина знаат дека уникатни состојки во слузта помагаат да се спречи зафаќањето на бактерии долж каналите на органите за дишење. Исто така, потврдено е дека протеините во слузта имаат специфични антимикробни и антифунгални својства со што помагаат да се уништат штетните бактерии, вируси и габички, со што ја подобруваат заштитата од респираторни инфекции.
– Здравје на коскено-зглобниот систем. Екстрактот од полжав практично ги содржи сите протеини и другите клучни состојки кои влегуваат во состав и на човечкото сврзно ткиво, тетивите на мускулите, лигаментите како и рскавицата во зглобовите. Истражувањета потврдуваат дека тој дури и ја стимулира активноста на клетките од рскавицата да создаваат колаген потребен за обнова на истрошената рскавица, а дополнителна и многу важна негова придобивка е и подобрената секреција на течноста внатре која ги подмачкува коските кои влегуваат во состав на зглобовите и овозможува нивно непрекинато движење без триење и без болка.
Екстракт од полжав во додатоци во исхраната
Содржина на протеини и хранливи материи – мал дел од луѓето се љубители на полжавите како деликатесна храна, а уште помал дел може да ги конзумира редовно во исхраната. Но, огромниот нутритивен и здравствен потенцијал слузта од полжавите, што доаѓа од содржината на уникатни протеини, гликопротеини, имуномодулаторни состојки, минерали, антиоксиданти и ензими е причина за создавање и се поголема примена на додатоци во исхраната кои што е наменети за заштита на здравјто, за превенција и за третман на различни здравствени состојби.
Потенцијал во управувањето со тежината – во последните една до две години се проучува и потенцијалот на полжавите како поддршка за слабеењето. Самите полжави се богати со протеини, добро заситуваат, го намалуваат апетитот, а имаат малку калории и масти, што ги прави одлични за слабеење, затоа може да очекуваме дека наскоро ќе може да сретнеме и производи на база на полжав наменети за подобра регулација на килограмите.