More

    Поплавите по поројните дождови ноќеска направија огромна штета и во Бутуровиќ Поље кај Коњиќ

    spot_img

    Поплавите по поројните дождови ноќеска направија огромна штета и во Бутуровиќ Поље кај Коњиќ. Еден од стотиците Босанци кои ги загубиле куќите во природната катастрофа е во поплавите е и Ќазим Бутуровиќ, кој за klix.ba раскажа што се случило.

    – Ноќеска во три и пол се слушна само врева. Водата влезе на предниот кат од куќата. Син ми скокна, вратата го приклешти, едвај го спасивме. Таму беа моите двајца внуци, снаата и сопругата. Кога водата се повлече, бевме без ништо, ништо не земавме, ниту документација, само побегнавме кај соседот. Ни се урна куќата – рече тој.

    Вели дека неговата куќа вредела 250.000 км, имал парно, гаража и автомобил кој го однела водата. Поплавата, исто така, му ги однела кравата и шталата.

    На подрачјето општина Крешево бројни населени места се отсечени од светот, а градоначалникот на Ренато Пејак изјави дека штабот на цивилната заштита организира бројни интервенции на терен. Моментно се спасуваат мајка со две деца.

    – Сега сме во селото Којсина. Ова село е оставено без пристапен пат, неколку километри, воопшто нема пат. Поројот минува низ селото – вели Пејак.

    Тој додава дека штетите ќе се санираат со денови, но дека најважно што таму нема повредени или жртви.

    – Имаше луѓе чии животи беа во опасност, утринава имавме две интервенции. Во моментов во тек е спасувачка акција во населеното место Гуњани. Припадниците на Горската служба спасуваат мајка со две деца во куќа која е отсечена од светот, а јас верувам во позитивен исход. Тоа се апокалиптични сцени. За кратко време падна толку многу дожд, па малите потоци станаа големи реки, а Крешевка од поток се претвори во голема река што носи мостови – вели Пејак.

    Во поплавите загинаа 14 луѓе, а многумина се исчезнати.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img