More

    Поплави и лизгање на земјиштето во јужна Кина, при што загинаа најмалку девет лица

    spot_img

    Најмалку девет лица загинаа во лизгање на земјиштето предизвикано од поплавите во јужна Кина.

    Силен дожд паѓа од неделата, кога за 24 часа беа измерени над 300 милиметри дожд.

    Дождот предизвика прекин на електричната енергија во многу села во провинцијата Фуџијан, а најмалку 378 куќи се урнаа. Оштетени се 880 хектари земјоделски култури, а економската загуба се проценува на повеќе од 415 милиони јуани (57,2 милиони долари), соопштија властите.

    Во јужната провинција Гуангдонг, која граничи со Хонг Конг, петнаесет лица исчезнаа во лизгање на земјиштето предизвикано од големите поплави. Повеќе од 130.000 домаќинства во Мејџоу се без струја, а некои соседни градови и села ја загубија комуникацијата од вчера.

    Повеќе од 11.000 луѓе беа евакуирани откако реката Ханџијанг ги поплави полињата со земјоделски култури и многу домови.

    Од друга страна, северот на Кина се соочува со суша.

    Високи температури беа забележани во многу градови вклучувајќи го и Пекинг.

    Сепак, во следните 10 дена се очекуваат врнежи од дожд во областите погодени од суша, соопшти Националното метеоролошко биро на Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img