Врнежите од дожд никако да запрат. По невремето што го зафати Кавадарци и Велес, на социјалните мрежи се појавија и фотографии и видеа од Росоман, каде состојбата исто така беше алармантна.
Од комуналното претпријатие, доцна синоќа информираа дека дежурни екипи се на терен, граѓаните да бидат мирни и да не креваат паника. Тие велат дека засега состојбата е под контрола.
„Состојбата е крајно алармантна со дождот. Жителите сè уште не се опоравиле од поплавите пред некој ден, а сега стравуваат од нови поплави. Кај пругата е најлоша состојбата. Извира вода од шахтите, најкритично…“ – пишува во својата објава профилот Реално Росоман.