More

    Попладне пороен дожд и грмежи

    spot_img

    Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 9.

    Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

    Времето и утре ќе биде многу топло, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и услови за изолирана појава на град.

    Во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер со над 70 км/час и со појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање, информираат од УХМР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img