Наутро денеска времето ќе биде посвежо, преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 22-от степен.
Во наредниот период времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови во западните и северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во југозападните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец со над 60 километри на час,
Максималната температура ќе се движи од 16 до 24 степени.