Претпладнево времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, информира УХМР.
И во Скопската котлина од денеска попладне и утре (недела), повремено ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. УВ индексот ќе изнесува 7.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималните дневни од 25 до 33.