Мадона вчера беше пуштена од болница, но се уште се бори со сериозната бактериска инфекција која ја остави на интензивна нега неколку дена. Извори блиски до пејачката за американските медиуми открија дека таа е во својот стан во Њујорк, но не може да стане од кревет и постојано повраќа.
TMZ претходно објави дека здравствената состојба на Мадона е загрозена веќе некое време и дека таа се бори со треска речиси еден месец. Пејачката ги игнорирала сите знаци на болест и не отишла на лекар бидејќи се подготвувала за турнејата која требаше да започне на 15 јули од Ванкувер.
Мадона работеше по 12 часа за да се подготви за големата турнеја со која одбележува 40-години на сцената. Планираната турнеја од 84 концерти на крајот беше одложена поради болест по кризниот состанок на нејзиниот менаџерски тим, кој се плашеше дека таа нема да преживее.
Мадона минатиот викенд беше пронајдена без свест во нејзиниот дом во Њујорк, поради што итно беше пренесена во болница. Нејзиниот долгогодишен менаџер Гај Озири на Инстаграм објави дека пејачката „развила сериозна бактериска инфекција“, а нејзините роднини открија дека ситуацијата била толку сериозна што „стравувале од најлошото“.