Поништен е тендер на МЕПСО од 900.000 евра

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопшти дека поништила тендер во МЕПСО во вредност од 900.000 евра, поради тоа што компанијата која се пријавила и го добила немала ресурси за спроведување на договореното.

Министерство информира дека покренало постапка за итна ревизија на сите институции што се под негова надлежност и по спроведената постапка ќе побараме реакција од обвинителството.

„Во моментов во фаза на ревидирање се постапките за јавни набавки во сите институции кои се спроведувале во време на техничката Влада. Поништен е тендер во МЕПСО од 900.000 евра каде компанијата што се пријавила и го добила нема капацитет ниту ресурси за спроведување на истиот“, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму додаваат дека се усогласува и Уредбата за гаранции на потекло со Енергетската заедница која веќе е поставена на ЕНЕР каде е јавна и може да се коментира.

„Како држава сме на јавна критика од Енергетската заедница поради неносење на измените на Законите за енергетика и за обновливи извори на енергија. Формирана е работна група во рамките на Министерството каде учествуваат претставници на МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, ЕБРД и Енергетската заедница и се работи на законските измени кои потоа ќе бидат преставени на јавноста и ставени на јавна дискусија“, се додава во соопштението.

Во него се поздравуваат сите иницијативи кои носат поголема одговорност и транспарентност во делот на енергетиката, каде што додаваат, се направени најголемите криминали за што досега неколкупати алармирале и од Државниот завод за ревизија но без никаков успех.

„Ова Министерство е формирано за да се намали корупцијата, која порано токму поради непостоење на ваков тип на институција  се носеа одлуки, постапки без закони туку со правилници и одлуки на владини седници за кои јавноста и многу малку знаеше. Оваа практика мора да заврши“, се додава во соопштението.

Share This Article