Албанскиот премиер Еди Рама објави дека в понеделник ќе биде „ден без возила заради заштеда на гориво, а не од еколошки аспект“.
Тој ја најави и опцијата работа од дома, како во времето на карантинот поради пандемијата на ковид-19, што „е добра можност за штедење на нафта“.
– Агенцијата за енергетика го потврди она што го кажувавме, а тоа е дека проблемот во оваа ситуација не е колку очигледен. Додека разговараме за цените, ризикот е недостигот. Да не ги прифаќаш фактите и да зборуваш како да си во нормална реалност е многу голем проблем – истакна Рама, индирекно обраќајќи и се на опозицијата и организаторите на протестите што ги одржуваат поради поскапувањата.
Тој додаде дека Владата ќе заседава и ќе донесе одлука околу опцијата за работа од дома и оти засега за неработен го прогласила понеделник (21 март) што значи се спојува со вторник кога Бекташите го одбележуваат Султан Неврус, а во Албанија е неработен ден.
Рама препорача и утрешниот ден да биде без автомобили, а зошто не и вторник, „што значи три дена без автомобили и заштеда на гориво“.
– Тоа е реалната состојба. Растот на цената е неминовен, како и во другите земји – додаде албанскиот премиер.