Помошникот на директорот на сплитскиот аеродром, Перо Билас, денеска изјави дека ИТ системот на аеродромот ноќеска бил нападнат од хакери.
– Причината за вчерашното нефункционирање на ИТ системот на аеродромот „Св. Јеорним“ е хакерски напад – рече Билас.
Тој нагласи дека во тој настан се вклучени сите надлежни служби.
– Стручните служби интензивно работат на отстранување на последиците од овој напад. Во контакт сме со сите авиокомпании и заедно бараме алтернативни решенија. Ги молиме сите патници за трпение – рече Билас.
Нападот бил извршен синоќа околу 19:30 часот и притоа не функционирал системот за одобрување полетувања и слетувања на аеродромот. Ситуацијата почна да се нормализира околу 22 часот и 30 минути.