„Им ги дале документите, веднаш немало пукање. Полицајците побарале од возилото да излезе едно лице, сопатникот, за да го проверат. Сопатникот излегол, сè било сосема нормално, полицаецот (кој беше повреден) Илиќ дури рекол дека човекот што излегол од возилото имал сосема нормално однесување, во однос на гестикулацијата. Дека се смешкал, особено кон него. Лицето излегло, полицаецот Илиќ бил на левата страна од возилото во пределот на возачот за да го држи под контрола. Веднаш потоа се слушнале истрели“.
Вака за српските медиуми раскажува за убиството што се случи во Лозница во Западна Србија помошник на директорот на српската полиција, Драган Василевиќ. Тој го посетил во болница полицаецот кој бил ранет. Синоќа, 55 минути пред полноќ возило„мерцедес“ со таблички од Тутин во кое бил озлогласениот криминалец Фатон Хајризи пробало илегално да ја помине границата, а кога било застанато од граничарите имало пукање.
Хајризи во моментот е во бегство. Тој сакал да се скрие кај јатак во Бјелина во Република Српска. Тамошната полиција уапси уште едно лице за кое се верува дека го организирало транспортот на Хајризи. Патролите се зачестени во Република Српска.
Непознато е кое лицо пукало. На самото место полицајците најдоа документи од братот на Хајризи кој потоа рече дека Фатон го користел неговиот идентитет.
Што се случувало понатаму раскажува Василевиќ според информациите кои ги добил од Илиќ:
Тоа се случило во задниот дел од возилото, покојниот Никола и тоа лице му се тргнале од видикот на полицаецот. Никола (Крсмановиќ, полицаецот кој беше убиен) паднал, потоа полицаецот (Илиќ) излегол да види што се случува, а напаѓачот ја искористил приликата и пукал во него. Куршумот го погодил, (полицаецот) успеал да го повлече пиштолот, но немаме информации дали е рането лицето што го извршило делото. Ова е тероризам, убиен е полицаец, тоа е тешко кривично дело и обвинителството за организиран криминал го презеде случајот – вели помошникот на шефот на српската полиција.